Основното јавно обвинителство Охрид истражува сторено разбојништво со смртни последици

Скопје, 21 Февруари 2017

Во тек на вчерашниот ден, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид заедно со екипа на крим техника од МВР, изврши увид на лице место во стан каде беше пронајдено безживотното тело на шеесет и шест годишна охриѓанка. Настанот го пријавила ќерката на почината жена, која откако не можела да ја најде мајка ѝпо телефон влегла во станот во кој веќе било телото на починатата.

При извршениот увид е констатирано дека на телото на починатата има видливи траги од насилство и дека во станот во кој таа е пронајдена е извршено разбојништво. Обвинителството нареди обезбедување на материјалните траги од местото на настанот, вршење на поголем број на вештачења, како и обдукција на телото на починатата жена.

Дејствијата што ги презема Основното јавно обвинителство – Охрид продолжуваат во насока на расветлување на настанот, како и откривање на засега непознатиот сторител на кривичното дело.

237 total views, 1 views today