Основното јавно обвинителство Скопје го истражува двојното убиство во Кисела Вода

Скопје, 27 Ноември 2017

Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од крим техника во менувачницата во Кисела Вода каде попладнево при обид за разбојништво две лица беа лишени од живот. Надлежниот јавен обвинител издаде Наредба за обдукција на починатите и за вештачење на прибраниот доказен материјал. Обезбедени се траги од лице место, како и видео надзорот од менувачницата. Идентитетот на едно од починатите лица е утврден. Во моментов се преземат дејствија за идентификација на второто починато лице.

Настанот се случи попладнево околу 16.30 минути, кога две вооружени лица сториле обид за разбојништво во менувачница. При тоа, од страна на сопственикот на менувачницата било употребено огнено оружје и двете лица се лишени од живот. На сопственикот на менувачницата му е укажана медицинска помош, поради здобиени телесни повреди при настанот.

 

32 total views, 2 views today