Основното јавно обвинителство Скопје го расветлува убиството во Чаир

Скопје, 21 Јануари 2018

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за обезбедување и прибирање траги од лице место за настанот кој се случи синоќа во скопски Чаир, кога едно лице беше лишено од живот.

Издадена е и Наредба за вршење обдукција на починатата. Обвинителството презема бројни дејствија во насока на утврдување на фактите во предметот и кривичната одговорност на сторителот. Истрагата на Основното јавно обвинителство Скопје продолжува.

57 total views, 1 views today