Се истражуваат наводите за трошењето во Државната комисија за спречување на корупција

Скопје, 01 Март 2018

Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас ​за трошењето на буџетски средства од страна на членовите на Државната комисија за спречување на корупција. По објавите во медиумите, обвинителството презема дејствија за утврдување на факти во предметот, за прибирање на податоци и на потребната документација од Управата за јавни приходи и други релевантни институции.

 

157 total views, 1 views today