Настанот во с.Теранци се истражува од Основното јавно обвинителство Кочани

Скопје, 05 Март 2018

Основното јавно обвинителство Кочани презема дејствија за расветлување на настанот кој се случил вчера вечерта во с. Теранци, кога по семејна расправија татко со ладно оружје нападнал син. Според првичните сознанија на нападот претходела расправија која веќе подолго време во континуитет се одвивала во семејниот дом. Според првичните сознанија, таткото на возраст од 78 години,  во самоодбрана со нож го нападнал синот на возраст од 38 години и при тоа му нанел две убодни рани. Сторителот е лишен од слобода и се наоѓа во Полициската станица во Кочани, а повредениот е однесен во Хируршкото одделение во Кочани каде му е пружена медицинска помош.

Обвинителството по преземање на првичните мерки во координација со екипа од МВР утврди дека сторителот бил под дејство на алкохол, со 0,54 промили алкохол во крвта. Издадени се и наредби за проверка на крвта и на повредениот поради постоење на индиции дека и тој бил во алкохолизирана состојба  кога се случил настанот.

Со цел да се утврдат фактите во предметот, надлежниот јавен обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од местото на настанот. Подигнат е и ножот со кој веројатно е извршен нападот и истиот е даден на натамошно вештачење.

150 total views, 1 views today