Основното јавно обвинителство Прилеп ја истражува сообраќајната несреќа во која почина пешак

Скопје, 25 Јули 2018

Денеска околу 11,30 часот се случи сообраќајна несреќа на ул.„Бидимаш“ во Прилеп, во која животот го загуби едно лице.  Сообраќајната несреќа се случила откако  патничко моторно возило марка „Фолксваген Голф“ управувано од  46- годишен жител на Прилеп удрил во пешак на возраст од 67 години, кој им подлегнал на здобиените повреди.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место заедно со екипа од крим-техника од Министерството за внатрешни работи – Полициска станица Прилеп. Јавниот обвинител издаде наредба за обезбедување на траги и докази, наредби за вршење потребни анализи, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

81 total views, 1 views today