Наредена обдукција на почината жена со траги на насилство во охридско Велгошти

Скопје, 31 Август 2018

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид доцна попладнево изврши увид на лице место во семејна куќа во охридското село Велгошти, каде беше пронајдено безживотно тело на жена.

Починатата ја пронашле соседите во нејзиниот дом, каде што живеела сама. На телото биле видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, на лице место се обезбедени траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на починатото лице. Се трага по сторителот.

Дополнување:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело Убиство извршено на свиреп начин од член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело во с. Велгошти  осомничено е лице на возраст од шеесет и две години, жител на Охрид. Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Охрид поднесе Предлог за определување на мерката притвор за осомничениот.

42 total views, 2 views today