Извршен увид во семејна куќа во Прилеп каде синоќа жена беше лишена од живот

Скопје, 29 Декември 2018

Во центарот на Прилеп, во населбата Тризла, синоќа доцна по расправија од живот била лишена 33-годишна прилепчанка. Сторител е нејзиниот партнер со кого живеела во вонбрачна заедница. Осомничениот на возраст од 36 години со неколку убоди од нож во пределот на градниот кош ја усмртил сега починатата. Настанот се случил во присуство на десет годишното дете на жртвата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Припеп изврши увид на лице место заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи. Обезбедени се и подигнати траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење. Јавниот обвинител издаде наредба за вршење на обдукција на телото на починатата. Според првичната информација од контролата со апарат за мерење на количината на алкохол – дрегер, осомничениот во себе имал повеќе од 2 промили алкохол. Точниот податок ќе се знае откако ќе заврши анализата на крв и урина од осомничениот која е побарана од обвинителството. Осомничениот не го напуштил местото на настанот и е веднаш лишен од слобода.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп ги презема сите дејствија за целосно расчистување на предметот.

79 total views, 1 views today