Поведена постапка за дилер на дрога од скопско Арачиново

Скопје, 12 Март 2019

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице  од скопско Арачиново, поради постоење на основано сомнение дека  сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При извршен претрес во просториите на домот во кој живеел осомничениот и во подрумските простории пронајдени се вкупно 128,63 грама наркотична дрога – кокаин. Дрогата била подготвена за продажба во црна торба и поделена по  полиетиленски кеси. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица  е пронајдена и дигитална вага, како и поголем износ на парични средства.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

 

27 total views, 1 views today