СООПШТЕНИЈА

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лицето кое застрела гостин на свадба

Скопје, 27 Јули 2017

Осомничениот на ден 25 јули во 22.45 минути, додека присуствувал на свадбена веселба, извадил од појас пиштол марка Smith&Wesson и со умисла испукал еден куршум со кој го погодил сега починатиот Б.Х. , државјанин на Република Германија.

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторени две кривични дела и тоа Убиство од член 123 став 1 и Неовластено  изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачи материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека се исполнети законските основи, па до Основниот суд Куманово достави предлог за определување на мерката притвор за осомничениот. Предлогот беше прифатен од страна на судот, кој со Решение на осомничениот му определи притвор во времетраење од триесет дена.

7 total views, 7 views today

Фатен разбојник со граѓанско апсење

Скопје, 20 Јули 2017

Разбојникот на еден од градските пазари во Скопје, нападнал осумдесет годишна жена обидувајќи се да и го одземе паричникот. При тоа, осомничениот ја турнал оштетената и ја влечел по бетонот, по што се дал во бегство. Од страна на граѓанин – очевидец на настанот, разбојникот бил совладан и согласно закон, присилно задржан се до доаѓање на полицијата.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против осомничениот за сторено кривично дело – Разбојништво од член 237 став 1 од Кривичниот законик. Ценејќи дека има околности што укажуваат дека осомничениот може да го повтори делото или да се даде во бегство, јавниот обвинител поднесе до судот и Предлог за определување на мерка – Притвор. Судот на осомничениот му определи притвор во времетраење од 30 дена.

11 total views, 3 views today

Отворена постапка и определен притвор за разбојникот во аптеките

Скопје, 20 Јули 2017

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице, кое во девет одделни случаи извршило разбојништво во девет аптеки на подрачјето на Скопје. Осомничениот на возраст од 44 години, во периодот од 23 јуни до 18 јули, заканувајќи се со пиштол и вербално кон вработените во аптеките, противправно присвоил финансиски средства. Со преземање на овие дејствија, осомничениот извршил девет кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Надлежниот обвинител ценејќи дека се исполнети законските основи, како и поради тоа што постојат околности што укажуваат на можно бегство на осомниченото лице, можност за попречување на кривичната постапка преку влијание врз сведоци, можност да се скрие или пак да го повтори делото, до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави Предлог за определување на мерка – Притвор. Судот го прифати предлогот и на осомничениот со Решение му изрече притвор во времетраење од 30 дена

13 total views, 3 views today

Page 1 of 15012345...102030...Last »

ИНТЕРВЈУА

ИНТЕРВЈУ НА ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ДАДЕНО ЗА „УТРИНСКИ ВЕСНИК“

Скопје, 07 Мај 2014

ИНТЕРВЈУ – ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ПРОВЕРУВА СИТЕ ФАКТИ ЗА МАКЕДОНСКА БАНКА

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски одговара за последните афери отворени пред изборите, за партиското финансирање на изборните кампањи, за ревизијата на проектот „Скопје 2014“ Прочитај повеќе…

409 total views, 2 views today

КОНКУРСИ