Соопштенија

Обвинение за дилер на дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот  од март до јули 2019 година во неколку наврати од засега непознато лице, неовластено заради продажба набавувал  наркотична дрога  хероин, потоа ја препакувал во помали пакувања со намера да ја продава. Со 12 полиетиленски пакувања со вкупна маса од 4,13 грама дрога кај себе,  бил сопрен и претресен од страна на полициски службеници на 1 април 2016 година во близина на ТЦ „Сити Мол“. По барање на јавниот обвинител и издадена наредба од судот, на 8 јули 2019 година извршен е претрес на домот каде што живеел обвинетиот, при што бил пронајден хероин со вкупна нето маса од 9,28 грама спакуван во две полиетиленски пакувања и една дигитална вага со остатоци од дрогата. Истиот ден обвинетиот неовластено им  продал дрога на две лица, со вкупна нето маса од 0,24 грама спакувана во две полиетиленски пакувања, по што истите се одземени.

Поради постоење на потреба за обезбедување присуство на осомничениот за непречено водење на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетото лице.