Соопштенија

Основното јавно обвинителство – Битола ја истражува причината за смртта на бездомното лице

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола заедно со екипа од МВР, изврши увид во руинирана куќа во Битола каде е најдено починато машко лице. Настанот е пријавен од страна на друг бездомник, кој заедно со сега починатиот престојувал во објектот.

При увидот на лице место, преземени се потребните дејствија во насока на расветлување на настанот и утврдување на причините за настапување на смртта. Kај лицето се најдени видливи траги на насилство.

По наредба на јавниот обвинител, извршен е стручен лекарски преглед и на пријавителот, кој поради телесни повреди е хоспитализиран. Обвинителството издаде наредби за вештачење на траги од лице место, ДНА анализа, како и наредба за вршење обдукција на починатото лице.