Соопштенија

Поднесено обвинение за непочитување на здравствените прописи во хотел во Маврово

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно правно и едно физичко лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи согласно член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, како одговорно лице во правното лице – хотел во Маврово, на 6 јуни, спротивно на тогаш важечките прописи и упатства со кои беа определени мерки за спречување и сузбивање на заразна болест, дозволил присуство на гости во угостителскиот објект.