Соопштенија

Поведена постапка за разбојништвото во казино во Неготино

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 24 години, жител на Неготино, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 26-ти декември, маскиран со маска и перика влегол преку спореден, заден влез во казино во Неготино. Притоа со нож се заканувал на оштетениот – вработен, барајќи да му бидат дадени парите од казиното.  Оштетениот се исплашил и покажал кон касата каде се наоѓале парите, при што осомничениот ја отворил касата и ги земал парите во износ од 324.700 денари.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетиот ќе се даде во бегство, ќе го повтори кривичното дело и дека може да влијае врз сведоците, па до Основниот суд Велес поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.  Судијата на претходна потсапка при Основниот суд Велес  го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.