Соопштенија

​Еден обвинет за тешка кражба од автомобил

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 47-годишен жител на Студеничани за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.
На 14 септември 2019 година на булеварот „АСНОМ“ во Скопје, обвинетиот го скршил задното десно стакло од паркиран автомобил БМВ Х6 и одзел туѓи подвижни предмети: чанта вредна 3.000 денари, лап топ во вредност од 30.000 денари, ваучер од 2.000 денари, нотес и лични документи.
Јавниот обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје да ја продолжи претходно определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот, а особено затоа што се работи за лице кое и претходно е осудувано за исто кривично дело и против кое се водат и други постапки за дела од имотен карактер на подрачјето на градот Охрид.