Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено кривично дело – Криумчарење мигранти предвидено и казниво по член 418-б, став 2 од Кривичниот законик.
Обвинетиот, на 26.02.2020 година на претходно договорено место во близина на македонско -грчката граница, прифатил 36 мигранти од Авганистан и четири мигранти од Пакистан. Мигрантите ги сместил во товарно моторно возило „Пежо“ и започнал да ги превезува кон Куманово по меѓународниот пат А-2 во правец од Радовиш кон Штип. Кај Неготино возилото било забележано од полициските службеници кои со светлосен сигнал му дале знак да запре, но обвинетиот продолжил да се движи кон Штип, а полициските службеници тргнале по него. Кај с.Лакавица обвинетиот го запрел возилото и бил лишен од слобода. Во возилото кое неколку дена претходно било пријавено за украдено биле пронајдени четириесетте мигранти.
Ценејќи дека се исполнети условите надлежниот обвинител заедно со обвинителниот предлог достави и предлог мерката притвор определена од Судија на претходна постапка да биде продолжена.