Соопштенија

Парична казна за лице кое управувало со возило за време на забрана за движење

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21.00 часот управувало со патничко моторно возило  по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење. Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест COVID 19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и  го сторил кривичното дело – Непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.