Соопштенија

Две лица од Дебар не постапиле согласно забраната за движење

Основното јавно обвинителство Дебар денеска поднесе Предлог за издавање казнени налози против две лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парична казна во висина од 10 до  100 дневни глоби.

Обвинетите​ во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле по градот.