Соопштенија

Четири лица се обвинети за непостапување според здравствени прописи во Велес

Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнен налог за четири лица, двајца велешани и две лица жители на Градско, за сторено кривично дело – Непостапување според здравствени прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Велес му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​