Соопштенија

Во Штип се предложени казнени налози за осум лица

Основното јавно обвинителство Штип денеска поднесе предлози за издавање канени налози за осум  лица, кои во одделни кривични правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи во време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Седумина обвинети постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле пешки или со возила низ градот.​

Еден од нив, државјанин на Република Грција со привремено живеалиште во Штип, требало да биде во задолжителна самоизолација согласно донесените мерки за сузбивање на заразната болест –  COVID 19. Тој во Република Северна Македонија влегол на „Меѓународниот аеродром Скопје“ на 17.03.2020 година, при што потпишал Изјава за самоизолација која требало да ја почитува во следните 14 дена. Но во периодот од 17 – 19 март, обвинетиот го напуштил своето престојувалиште и бил во неговата канцеларија во градот.

Основното јавно обвинителство Штип со поднесените  предлози за издавање казнени налози , на надлежниот суд предложи за седум обвинети кои не го почитувале полицискиот час да изрече парична казна во висина од по 100 дневни глоби , секоја од нив од по 20 евра во денарска противвредност За обвинетиот кој не постапил според должноста за самоизолација, обвинителството предложи на судот да му биде изречена парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив од по 30 евра во денарска противвредност.