Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог против две лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите на 27 март за време на полицискиот час со возило се движеле низ градот и со тоа не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19.
Со поднесениот предлог, надлежен јавен обвинител предложи на Основниот суд во Битола да изрече парична казна за секој од обвинетите од по 100 дневни глоби, секоја во висина од 20 евра во денарска противвредност.