Соопштенија

Радовишкото обвинителство поведе постапка за пет лица кои не го почитувале полицискиот час

Основното јавно обвинителство Радовиш побара парични казни во висина до 100 дневни глоби за пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале донесените мерки и одлуки за забрана на движење на населението на територијата на Република Северна Македонија, па без дозвола се движеле во градот. ​