Соопштенија

Поведени постапки за непочитување на полицискиот час во Берово

Основното јавно обвинителство Берово денеска до Основниот суд Берово поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите во три одделни настани, на 8 и 9 април, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час се движеле низ градот.

Јавниот обвинител на Судот му предложи да определи парични казни и тоа за двајца обвинети во износ од 30 дневни глоби во вредност од по 10 евра, додека за еден обвинет – казна од 50 дневни глоби во вредност од по 10 евра.