Соопштенија

Парична казна за четворица од Куманово

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.  За стореното кривично дело, јавен обвинител на Основниот суд во Куманово му предложи да изрече парична казна за обвинетите во висина од по вкупно 1000 евра во денарска противвредност.

Обвинетите  за време на полицискиот час се движеле низ градот и околината.  Тие не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID – 19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движeње на територијата на Република Северна Македонија, па со тоа го сториле кривичното дело кое им се става на товар.