Соопштенија

Дебарското обвинителство побара парични казни за непочитување на здравствените прописи

Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица кои не го почитувале полицискиот час.

Обвинетите, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, во одделни кривично-правни настани, биле затекнати како без дозвола се движат надвор од нивните домови во часовите во кои е забрането движење на населението. Двајца од нив на 25 април се движеле по пат покрај брегот на Дебарското Езеро, додека третиот обвинет на 26 април бил запрен на регионалниот пат Струга-Дебар. Со ова тројцата сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Дебар му предложи за секој од обвинетите да изрече парични казни во висина од 10 до 100 дневни глоби.