Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. За стореното кривично дело обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да им изрече парични казни од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност.
Обвинетите пеш или со возила се движеле низ градот, во временски период кога во сила бил полицискиот час, со што не ги почитувале донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот.