Соопштенија

Казнени предлози против шестмина штипјани кои не го почитувале полицискиот час

Oсновното јавно обвинителство Штип поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица кои непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите во одделни кривично правни настани за време на полицискиот час биле затекнати како недозволено се движат на различни локации.

Надлежен обвинител достави предлог до Основниот суд Штип на обвинетите да им биде изречена парична казна од по 50 дневни глоби, секоја од нив во висина од 10 евра во денарска противвредност​.