Соопштенија

Уште 29 лица обвинети за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 29 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Сите обвинети, во одделни кривично-правни настани, го прекршиле полицискиот час на територијата на Скопје и не се придржувале до донесената Одлука за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

За секого од обвинетите, Обвинителството предложи парична казна во износ од по 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.