Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струга до надлежниот Основен суд во Струга достави предлог за издавање на казнен налог против две лица.
Обвинетите за време на првомајскиот празник не ја почитувале забраната за движење и заедно со други лица биле затекнати од страна на овластените полициски службеници како се движат низ с. Подгорци. Со своите дејствија обвинетите сториле кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството со предлозите за издавање казнени налози побара судот на обвинетите да им изрече парични казни во износ од по 100 дневни глоби, со што висината на дневните глоби да изнесува по 30 евра во денарска противвредност.