Соопштенија

Постапки за непочитување на полицискиот час во Охрид

Основното јавно обвинителство Охрид денеска до Основниот суд во Охрид поднесе предлози за издавање казнен налог за две лица кои непочитувајќи го полицискиот час сториле кривично дело од член 206 став 1 од Кривичниот законик – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Двајцата обвинети биле затекнати од страна на полициските службеници како се движат по улиците низ Охрид додека во сила била Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.

Обвинителството на судот му предложи обвинетите да ги огласи за виновни за стореното кривично дело и да им изрече парични казни во висина од 100 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно вкупно по 2000 евра во денарска противвредност.