Соопштенија

Едно лице осомничено за разбојништво во Битола

Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 247 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 17 мај, ја пресретнал оштетената на улица и силно ја турнал со рацете. Кога оштетената паднала, удирајќи директно со главата на земјата, осомничениот ѝ го одзел паричникот во кој имало 450 денари и лични документи, со намера противправно да го присвои и избегал од местото.

Со оглед на тоа што постои опасност осомниченото лице да се даде во бегство, да го повтори делото или да влијае врз сведоците, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка при Основниот суд Битола достави и предлог за определување мерка притвор. Судот го прифати ваквиот предлог и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.