Основното јавно обвинителство Ресен достави предлози за издавање казнени налози против шест лица заради непочитување на полицискиот час.
Обвинетите не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразна болест, односно според Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие биле затекнати од полициски службеници од ОВР Ресен, како се движат пеш и со возила без притоа да поседуваат дозволи за движење.
Со ова тие го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што надлежниот јавен обвинител предложи да им бидат изречени парични казни од по 100 дневни глоби во висина од по 20 евра во денарска противвредност.