Основното јавно обвинителство Тетово поднесе предлози за издавање казнени налози против 17 лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите го прекршиле полицискиот час и за време на забраната се движеле на различни локации во градот, со што постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.
Надлежното обвинителство на Судот за сите обвинети предложи парични казни во висина од по 100 дневни глоби.