Основното јавно обвинителство Прилеп денеска до Основниот суд Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица, а до Основниот суд Крушево поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица.
Сите се обвинети за непочитување на мерките на Владата за спречување на заразната болест COVID – 19, односно за прекршување на полицискиот час одреден со Одлуката за забрана и посебен режим за движење на населението. Со ова обвинетите го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинителството за секој од обвинетите предложи парична казна од 100 дневни глоби со вредност на една дневна глоба од 20 евра во денарска противвредност.