Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, со кои на Судот му предложи на обвинетите да им изрече парична казна во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.
Обвинетите постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие биле затекнати како се движат на различни локации во часовите кога тоа е забрането.