Соопштенија

Десетмина обвинети за прекршување на полицискиот час во Радовиш

Oсновното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање казнени налози против десет  лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.  Воедно, обвинителството му предложи на судот на секој од обвинетите да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив со вредност од  5 евра во денарска противвредност.

Обвинетите не го почитувале полицискиот час, односно донесените одлуки на Владата на Република Северна Македонија за спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од коронавирусот.