Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 43 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, па за време на полицискиот час биле затекнати како без дозвола се движат на различни локации.
Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за секој од обвинетите да изрече парична казна од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.