Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за сторено кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Двајца од обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Тие за време на полициски час пеш се движеле низ Дебар.
Третото обвинето лице спротивно на здравствение прописи, послужувало гости во угостителски објект.
Надлежниот јавен обвинител достави предлог со кој побара на сите обвинети да им биде изречена парична казна, во висина од по 10 до 100 дневни глоби.