Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 20 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Сите обвинети не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот.
Јавните обвинители за 18 од обвинетите предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За двајца обвинети, пак, предложена е парична казна од 100 дневни глоби од по 30 евра во денарска противвредност, бидејќи се товарат дека сториле продолжено кривично дело, односно полицискиот час го прекршиле во повеќе наврати.