Основното јавно обвинителство Велес до Основен суд Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, биле затекнати како се движат на различни локации низ градот, во часовите кога тоа било забрането.
Јавното обвинителство предложи на обвинетите да им бидат изречени парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.