Соопштенија

Обвинение за скопјанец за недозолено поседување оружје и муниција

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и трговија со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 12 јуни, на паркинг на улицата „Методија Андонов Ченто“ во Скопје, неовластено држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм и 60 куршуми муниција за ова оружје. Освен ова, тој со себе носел и друго огнено оружје за кое не поседувал дозвола – пиштол марка Smith Wesson со калибар 9 мм и 15 куршуми за тој пиштол. Оружјето и муницијата биле пронајдени при личен преглед на  осомничениот и при претрес на неговиот автомобил, на десното совозачко седиште.

Со поднесеното обвинение, јавниот обвинител му предложи на Судот на обвинетиот да  му ја продолжи определената мерка притвор, бидејќи постои опасност од бегство на обвинетиот и можност тој да го повтори делото.