Соопштенија

Кумановец под истрага за полов напад врз малолетник

Основното јавно обвинителство – Куманово нареди спроведување на истрага против едно лице поради постоење основано сомение дека сторил кривично дело – Полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години.

Според кривичната пријава доставена до надлежното обвинителство, во текот на април 2014 година осомничениот го повикал оштетеното дете во својот дом, каде што извршил обљуба.

Надлежниот обвинител, ценејќи дека постојат околности кои укажуваат на опaсност од бегство на осомничениот, да влијае врз сведоците во постапката кои сеуште не се сослушани, како и опасност да го повтори делото, предложи да му се изрече мерка притвор.

Судија во претходна постапка, постапувајќи по предлогот на Обвинителството, на осомничениот му изрече мерка – Притвор во траење од 30 дена.