Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе девет предлози за издавање казнени налози против вкупно 13 лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите не го почитувале полицискиот час кој бил во сила, односно биле затекнати како се движат без да поседуваат дозвола, спротивно на Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија.
Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.