Соопштенија

Шест лица во Скопје обвинети за непочитување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против шест лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите, во одделни кривично-правни настани, не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на тогаш важечкиот полициски час се движеле на различни локации во градот.

Јавниот обвинител за сите нив предложи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од по 20 евра во денарска противвредност.