Дебарското обвинителство со Предлог за издавање казнен налог побара од надлежниот суд на едно лице на возраст од 19 години да му изрече условна осуда со утврдена казна затвор до три месеци, поради постоење на основано сомнение дека лицето го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетиот на 19 јули 2020 година бил затекнат надвор од својот дом, иако за него било донесено решение со кое му бил определен здравствен надзор и задолжителна самоизолација поради тоа што бил позитивен на вирусот COVID – 19.