Соопштенија

Две лица под истрага заради продажба на наркотична дрога

Со Наредба за спроведување истражна постапка, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против две лица, гостиварци на возраст од 50 и 34 години, заради сторено кривично дело – Неовластено протизводство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

По оперативни сознанија и преземени мерки, овластени службени лица на 5 ноември 2020 година, во 22.30 часот го забележале патничкото моторно возило  во кое двајцата соизвршители ја превезувале дрогата. Откако осомничените ги виделе службените лица , кај местото викано Врапчишка петља, со возилото се дале во бегство. По околу 300 метри, едно од осомничените лица преку прозорот на возилото фрлил пластично полиетиленско пакување во кое имало  29,65 грама хероин.

Во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор за двајцата осомничени. Предлогот е прифатен од Судот, кој на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.