Соопштенија

Обвинение за извршено силување

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт  против 55-годишно лице од Велес за сторено едно продолжено кривично дело – Силување од член 186 од Кривичниот законик.
Обвинетиот искористувајќи исти прилики, како сосед на оштетената,  во два наврати со употреба на сила извршил обљуба врз неа. На 17.09.2020 околу 22.00 часот префрлувајќи се преку оградниот ѕид од улицата влегол во дворот од куќата на оштетената, а откако таа излегла на влезната врата,  ја турнал и насилно влегол во куќата.   Потоа употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Следниот ден,  околу 11.30 часот, на истиот начин, го повторил кривичното дело кое со поднесеното обвинение му се става на товар.
Имајќи го предвид видот и тежината на стореното кривично дело, запретената казна, личноста на обвинетиот, како  и фактот дека е сосед на оштетената и дека може да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од  Основното јавно обвинителство Велес до Основниот суд Велес заедно со обвинението поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.​