Соопштенија

Извршен увид за обид за убиство и самоубиство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци  заедно со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, изврши увид во куќа во село Шивец каде беше пронајдена жена на возраст од 84 години со тешки телесни повреди.  Според првичните сознанија, повредите ги направил нејзиниот 73 – годишен сопруг, користејќи секира и други опасни орудија. По извршеното дело, тој заминал од куќата  и фрлајќи се во водите на Црна Река си го одземал животот. Според првичните сознанија на обвинителството, сега починатиот со години се грижел за сопругата која била со многу нарушено здравје. Во изминативе неколку недели се влошила и здравствената состојба на сега починатиот, по што тој посегнал по животот на оштетената, но и по сопствениот.

Оштетената е во животно загрозувачка состојба и се наоѓа на скопските клиники на натамошно лекување.

Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци издаде наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место, папиларни линии  и предмети кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење, а во насока на утврдување факти во предметот.