Соопштенија

Обвинение за скопјанец во чиј дом беше пронајдена дрога и психотропни супстанции

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес на 16.11.2020 година, во домот на обвинетиот 37-годишник на улица „Народен фронт“, биле пронајдени 943,59 грама марихуана, 4,55 грама кокаин, 292 таблети со активна компонента 3,4-метилен диоксиметамфетамин MDMA, како и една дигитална вага со остатоци од дрога.

Поради опасност од бегство и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.