Основното јавно обвинителство – Велес донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик.
Осомничениот (47), инаку сосед на жртвата (12), на 09.03.2015 година во попладневните часови го повикал момчeто да го превезе со својот автомобил. Откако жртвата влегла во автомобилот, осомничениот ги заклучил вратите и почнал да врши полови дејствија на што момчето се спротивставило. По дадениот отпор, осoмничениот го вратил детето на 100- ина метри близу до куќата каде го оставил.
Со оглед на околностите под кои е сторено кривичното дело и видот и висината на запретената казна за истото, кои упатуваат на можноста од бегство на обвинетиот или продолжување со вршење на кривични дела од овој вид, надлежниот јавен обвинител, до Судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави Предлог за определување на притвор за осомничениот.
Судот го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му е определен притвор во траење од триесет дена.